| четврток, 6 декември 2018 |

Загреб ја освои Сеха лигата

Загреб е шампион во Сеха лигата, откако вечерва по продолжение го победи скопски Вардар со 25-24. Во реприза на ланското полуфинале на фајналфорот во Загреб, гостите од Хрватска се реваншираа за поразот, иако се извадија во финишот на регуларниот дел кога се изборија за дополнителни 5 минути.

Најслабопласираната екипа од квартетот што настапи на фајналфорот го освои трофејот.

Во малото финале, македонскиот шампион Металург со 26-21 го победи Брест Мешков, екипа што на турнирот дојде како првопласирана, а го освои 4. место на Ф4. Лани премиерното издание на Лигата му припадна на Вардар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top