| четврток, 6 декември 2018 |

Тачи: Преговори без посредник не се можни

Премиерот на Косово Хашим Тачи ја отфрли како несериозна можноста за продолжување на разговорите меѓу Белград и Приштина без посредник.

Според него, Белград се што сака би требало да каже преку посредникот високиот претставник на ЕУ Кетрин Ештон.

Адресата на посредникот е во Брисел кај бароницата Ештон. Косово ќе го поддржи тој процес под раководство на Ештон. Други идеи немаат вредност и не се со сериозен пристап. Тие се само обид за оддалечување или дипломатско – политички маневар на Србија, рекол Тачи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top