| четврток, 6 декември 2018 |

Бадник – најпопуларен ден за запросување

zaprosuvanjesliak

НE! „Денот на вљубените” не е најомилен ден за запросување. Не е тоа ниту вечерта на дочекот на Новата година. Идеален момент за клекнување пред вистинската жена е на Бадник.

Резултатите од истражувањето што го спровела британската компанија „Chillisauce”, која се занимава со организирање на венчавки, покажале дека на прво место на најпопуларен ден во годината за запросување е денот воочи Божик.
Според пишувањето на британските медиуми, 31 отсто од околу 10.000 анкетирани рекле дека Бадник е најсовршен момент да се клекне пред избраничката на своето срце.

На второ место е „Денот на вљубените” (22 отсто), а на трето место е новогодишната ноќ (18).
Сенди Морета, директорка на „Chillisauce” навела дека Бадниковата вечер е идеална за запросување, бидејќи тоа е романтично доба во годината, со снегулки, светлечки и други декорации, но и семеен празник”.

Тоа е момент во годината кој се доведува во врска со семејството и семејните ритуали. Семејството е собрано, а со запросувањето симболично се започнува едно ново семејство – објаснила социологот Елен Ламонт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top