Според некои истражувања, во текот на празниците внесуваме околу 4.500 калории дневно. Ако нашиот организам не е подготвен на тоа, празничната еуфорија ќе се заврши со депресија поради вишокот килограми и чувството на подуеност и забавеност.
За да го закрепнете организмот, потребно е да се ослободите од вишокот маснотии, шеќери и други штетни состојки коишто прекумерно сте ги внесувале. Оваа лимонада е идеален начин за тоа.
Подготовка:
Во шолјата измешајте ги сокот од лимон, медот, пиперката, ѓумбирот и каранфилчето. Прелијте со врела вода, промешајте и оставете малку да отстои. Украсете со парчето лимон и доколку сакате додадете коцка мраз за да ја разладите напивката.
Состојки:
сок од еден лимон
1 лажичка мед
прстофат мелена црвена пиперка
прстофат мелен ѓумбир
прстофат мелено каранфилче
1 поголема шолја врела вода
парче лимон за украсување
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.