| четврток, 6 декември 2018 |

Сите велат дека водата со лимон е идеална за слабеење, ама молчат за овие работи

Се чини дека нема подобар почеток на денот од топла вода со лимон, но тоа не толку наивно. Еве на што треба да внимавате.

Витаминот Ц од лимонот е одличен антиоксидант кој од телото ги исфрла слободните радикали, причинителите на најтешките заболувања. Се верува дека водата со лимон, наместо засладените чаеви и сокови е вистинскиот пат до намалување на сувишните килограми. Но, има некои работи на кои треба да се внимава.

1.Киселини

Киселините во лимонот се едни од најсилните овошни киселини, па ако имате тегоби со варењето на храната, внимавајте бидејќи премногу вода со лимон може да ја влоши ситуацијата.

2. Ја оштетува глеѓта на забите

Љубителите на лимонот мора да водат сметка за забите, бидејќи киселината од ова овошје ја оштетува глеѓта, а со тоа слабеат и забите. Водата со лимон пијте ја преку сламка.

3. Заситување

Лимонот е навистина добар, но има и други вкусови и овошни ароми во кои може да уживате. Затоа, не инсистирајте само на лимон.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top