Сирпу од ѓумбир за слабеење
Потребни состојки:
400 г ѓумбир
1 лимон
3-4 супени лажици природен мед
Подготовка:
Коренот од ѓумбир, добро измијте го, и нежно излупете го со помош на лажичка.
Лимонот измијте го, третирајте го сода бикарбона за да се исчисти кората, па исечете го на парчиња.
Сите состојки ставете ги во блендер и миксајте додека да добиете еднолична смеса.
Употреба:
По една чајна лажичка, 2-3 пати дневно, 30 минути пред јадење.
Се препорачува да пиете најмалку 2 литри вода во текот на денот.
Сирупот од ѓумбир има антибактериско и антивирусно дејство, ефикасен е против воспаленија, добар антиоксидант, добар лек за болки во зглобовите, мускулите, менструални мигрени и главоболки, добар е во борбата против рак, дијабетес, бактериски и габични инфекции и замастен црн дроб; го забрзува метаболизмот и поттикнува елиминација на вишокот килограми.
извор: НМД
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.