| четврток, 6 декември 2018 |

Микел: Мурињо е фантастичен тренер, но животот е суров

zoze-murinjo-foto-reuters-1445423513-766703

Фудбалерите на Челси го бојкотирале Жозе Мурињо, ако се суди по изјавата на Џон Оби Микел кој вели дека сѐ е подобро без португалскиот стратег.
Искусниот Моу доби отказ пред извесно време, а на негово место Роман Абрамович го назначи Гус Хидинк кој ја доби улогата на привремен стратег.

– Резултатите сѐ уште не се оние вистинските, но атмосферата е многу подобра откако си замина Мурињо. Тој е фантастичен стратег и добар човек, но фудбалот некогаш знае да биде суров. Едноставно, некогаш треба да замижеш и да си заминеш. Тој се врати овде, освои два трофеја, но во новата сезона тргна лошо и доби отказ. Дали тоа е правата одлука – ќе видиме – вели Микел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top