| четврток, 6 декември 2018 |

Прилепските фризери и бербери во акција за Трескавец

бербери во акцијаПрилепчани денеска ќе може да се потстрижат и да направат нова фризура во хуманитарна мисија. 25 реномирани прилепските фризери и бербери, денеска од 10 до 17 часот во Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе им нудат услуги на граѓаните за 100 денари. Со ова еснафот се вклучува во хуманитарната мисија за обнова на големото светилиште манастирот Трескавец што ја организираат Општина Прилеп и Регионалната занаетчиска комора.

Без разлика дали ќе се прават фризури, ќе стрижат или ќе бричат сите услуги ќе чинат 100 денари, а сите средства се за обновата на изгорените манастирски конаци.

– Се вклучуваме во оваа хумана мисија. Со самото тоа што посетителите ќе дојдат и ќе донираат по 100 денари се вклучуваат во акцијата, а ќе добијат и основни еснафски услуги, фризирање, фенирање, потстрижување, како и соодветен мејк-ап, посочи за медиумите пред неколку дена Жарко Јованоски, претседател на прилепските фризери при Регионалната занаетчиска комора.

Покрај прилепските фризери и фризери од средното фризерско-козметичко училиште, најавена е „помош“ и од гости – колеги од цела Македонија.  Бидејќи основна цел е да се собере што повеќе помош, додаваат и дека граѓаните може да донираат иако не им треба услуга.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top