| четврток, 6 декември 2018 |

Објавена книгата за деца „Весел ЗОО парк“ од Киро Донев

Во издание на „Македоника литера“ од Скопје објавена е книгата за деца „Весел ЗОО парк“ од Киро Донев, во која главните јунаци се животните кои ќе ги покажат сите свои итроштини…

– Како и повеќето од 40-те книги на Киро Донев, е наменета за деца од помала возраст – од пет до 12-годишна возраст. И овде, како што е карактеристично за него во некои прозни дела, раскажува во рима, со стихувани реченици и неговата проза се доживува како своевидна поезија во проза, исполнета со инвентивен хумор. Киро Донев има свој препознатлив стилско-лексички исказ, духовит и динамичен ритам со рима и во македонската литература има високо реноме на голем мајстор на прозата за деца од мала возраст, соопшти издавачот.

Книгата е илустрирана со цртежи на Ленче Тосева. Ова дело на Донев неодамна беше објавено на украински јазик, додека во 2016 година ќе биде објавено и на бугарски јазик.

Киро Донев (1942, Моноспитово, Струмичко) е автор на четириесетина книги за деца, пред се прозни дела: романи, раскази, гатанки, повести, пиески и сликовници, а за своето творештво е добитник и на неколку високи книжевни награди во Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top