| четврток, 6 декември 2018 |

Најдобра диета досега

Не е можно да се изгуби вишокот на сало од стомакот без намалување на вкупните телесни масти. Обемните истражувања покажале дека она што е најдобро за брзо намалување на салото од стомакот е комбинација на урамнотежена исхрана и специфични вежби.

Пример Мени
Појадок: филџан мусли прелиени со млеко
Ужина: суви бадеми, ореви, лешници до 50 грама
Ручек: За ручек можете да изедете месо колку што сакате и тоа риба, пилешко без кожа, телешко, јагнешко, а од свинско само шницла без сланина. Месни преработки треба да избегнувате.

Дозволено е да се земе интегрален или ’ржен леб. Месото можете да го подготвите на кој било начин, но одбегнувајте секојдневно пржење на храната.

Ужина: една јаболка, крушка, праска, грст јагоди, малини, а банани одбегнувајте.

Вечера: бистра супа од зеленчук без тестенина, сардина или туна со исцедено масло, парче интегрален леб. Може и супа од зеленчук без тестенини, чаша јогурт, парче интегрален леб или супа од зеленчук без тестенини, две тврдо варени јајца, домати.

Дополнителни совети:
Никогаш не вечерајте барем три часа пред одењето во кревет.
Не јадете слатки и грицки.
Не пијте пиво, газирани пијалоци и зашеќерени овошни сокови.
Не јадете бел леб.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top