Турбуленциите што настанаа во ракометната репрезентација со привременото отстранување на Даниел Дупјачанец и Мартин Велковски сепак се смирија откако селекторот Ивица Обрван реши да им даде втора шанса на искусниот голман и на младиот десен бек.
Иако првичниот став на Обрван, искажан за време на утринскиот тренинг, беше дека целосно го поддржува својот асистент Данило Брестовац и нема да смета на двајцата ракометари, тој во меѓувреме го смени своето мислење. Двајцата ракометари на Металург биле контактирани во попладневните часови, по што се вратиле во репрезентативната база и го одработија вечерашниот тренинг.
Тренингот почнал со извинување на Дупјачанец и Велковски за непрофесионалниот однос пред неколку дена, следел аплауз од останатите репрезентативци, по што сите „се фатиле за работа“ во обид да остават што подобар впечаток кај селекторот.
фото: Екипа.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.