| четврток, 6 декември 2018 |

Загина двегодишно дете во Кочанско

Двегодишно дете го загуби животот во кочанското село Оризари вчера попладне. Надлежните и локалните жители час и половина трагале по неговото тело под урнатините.

policija

Несреќата се случила кога во куќата сопственост на А.Т. и С.Т. се скршил гредоредот од руинираниот дел од куќата (врз кој имало земја) и паднал над нивниот двегодишен син, потрупувајќи го.

Екипи од полицијата, противпожарната и итна медицинска помош заедно со локалното население трагале по детето, по што истото во 15.30 часот било пронајдено починато.

Смртта била констатирана од страна на доктор, а телото на починатото момче било оставено на семејството за погреб.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top