| четврток, 6 декември 2018 |

Обрван целосно стои зад одлуката на Брестовац, Дупјачанец и Велковски дефинитивно надвор од стројот

Qatar 2015 M41 MKD vs CRO

Селекторот на машката ракометна репрезентацијата Ивица Обрван утринава им се приклучи на репрезентативците во подготовките за Европското првенство во Полска што започнува на 15 јануари.
Тој останува да работи со 21 ракометар по одлуката на неговиот помошник Данило Брестовац да ги острани од репрезентацијата Даниел Дупјачанец и Мартин Велковски поради недисциплина уште на самиот почеток на подготовките.

– Жал ми е што еден искусен голман, кој е првпат повикан во репрезентацијата и еден така млад кој, ете, треба да му служи на чест што е повикан во репрезентацијата, направија еден, не може да се каже крупен проблем, но нешто што е недозволиво да се случува. Јас бев запознат со целата ситуација и на предлог на мојот помошник кој целосно го поддржувам, тие се отстранети од репрезентацијата. Со оглед дека веќе имавме голем број ракометари на овие подготовки и од денеска и онака сакавме да го скратиме составот, состојбата ќе остане ваква. Ако се решиме евентуално за четврти голман, сега имаме тројца, можеби дополнително ќе го повикаме Дупјачанец, но за тоа понатаму. Засега останува на сила оваа одлука на Данило зад која јас апсолутно стојам – изјави Ивица Обрван.

Репрезентацијата на Македонија продолжува да тренира во Скопје до 30 декември, по што следува пауза од два дена поради новогодишните празници. Следниот собир е на 2 јануари 2016, а веќе на3 јануари се патува за Словенија, каде штоќе се одиграат две средби. Шести и седми повторно ќе бидат денови за одмор, а веќе на осми Обрван се очекува и да го соопшти конечниот список од 16 ракометари кои ќе патуваат за Полска. На 10 и на 11 јануари во „Јане Сандански“ репрезентацијата ќе одигра уште две контролни средби со селекцијата на Црна Гора, а на 13 јануари патува за Краков каде што на 15 јануари ги започнува натпреварите од Европското првенство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top