| четврток, 6 декември 2018 |

Објавени книгите „Митизација на реалноста“ и „Извештајот на Броди“

Издавачката куќа „Бегемот“ ги објави книгите „Митизација на реалноста“ од Бруно Шулц и „Извештајот на Броди“ од Хорхе Луис Борхес.

Преводот на „Митизација на реалноста“ е на Лидија Танушевска, а преводот на „Извештајот на Броди“ е на Ненад Велковски.

„Митизација на реалноста“ е збирка од литературни есеи, раскази, записи и цртежи од Бруно Шулц, кои не биле застапени во неговите единствени две збирки „Продавниците со боја на цимет“ и „Санаториумот во знакот на Клепсидрата“. Овие прозни текстови биле објавувани во угледни полски списанија во периодот од 1934-39 година.

izveshtajot

Во 1970 година, дваесет години по „Алеф“, Борхес ја објавува наредната збирка раскази. Самиот автор ќе ги дефинира творбите содржани во неа како „реалистички“, но тоа е многу карактеристичен реализам, полн со недоречености, презаситен со магија и необичност. Дејството на расказите се одвива некаде во сокаците на Буенос Аирес или на бескрајната пампа. Во таа сценерија се појавуваат двата најважни мотива на „Извештајот на Броди“: патеките на минатото коишто се разгрануваат и ја пресекуваат сегашноста, и вкрстените ножеви (во преносна смисла или буквално) во безусловна борба за жена, чест и вистина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top