| четврток, 6 декември 2018 |

На Мурињо не му се брза, го чека селекторското место на Англија?!

murinjo

Во моментите кога сите светски медиуми се обидуваат да дознаат кои се идните планови на Жозе Мурињо по разделбата со Челси, англискиот „Мирор“ во своето денешно издание, под превезот ексклузивно, носи инфорнација дека Португалецот ќе биде нов селектор на Англија.

Од извори блиски на португалскиот стратег, „Мирор“ тврди дека информацијата е проверена директно од агентот Жорже Мендеш кој, индиректно информирал дека Мурињо сака да биде селектор на Англија по Европското првенство 2016 во Франција.

Затоа и во моментов не сакал да избрза со клупски ангажман, а ќе чека и став на ФА која најпрво треба да расчисти со Рој Хоџсон по ЕП, кој се уште дефинитивно не одговорил што ќе прави по Европското првенство.

Мурињо веќе со денови се доведува во врска со Реал Мадрид и со Манчестер јунајтед. Но, она што оди во прилог на пишувањето на „Мирор“ е фактот дека португалскиот стратег јасно искажал желба и натаму да продолжи да живее во Лондон со семејството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top