| четврток, 6 декември 2018 |

Владини субвенции за оние што ќе вгрaдат сончев колектор

Со шест милиони денари Владата и годинава преку Министерството за економија ќе ги субвенционира оние што ќе аплицираат за купување и вградување сончев колектор во своите домови.

Според ресорниот министер, Ваљон Сарачини, зголемен е бројот на граѓаните кои се заинтересирани да инвестираат во вградување сончеви колектори.

soncev kolektor

– Радува фактот што секоја година се повеќе граѓани аплицираат во Министерството за економија за добивање субвенции. Тоа е добро и се надевам дека во иднина интересот ќе расне и Министерството ќе може да ја прошири програмата – изјави Сарачини на Отворениот ден „Купи сончев колектор – аплицирај за субвенција“.

Огласот за добивање субвенција е веќе објавен и трае до 31 мај.

При купувањето препорачува секогаш да се побара сертификат за испробаноста и да се праша дали има сервис за одржување. Сето ова, вели Димитров, нуди производ којшто треба во континуитет да се користи 15 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top