| четврток, 6 декември 2018 |

Болт и Серена најдобри во светот за 2015, според „Л’Екип“

Beijing 2015 IAAF World Championships

Најбрзиот човек на светот, спринтерот од Јамајка, Усаин Болт, е најдобар спортист за 2015 година спорец престижниот француски спортски весник „Л’Екип“. Трикратниот светски првак оваа награда ја добиваше и во 2008, 2009 и во 2012 година, а повторно ја заслужи и во 2015, со златните медали на Светското првенство во атлетика во Пекинг, каде беше најдобар на 100 метри, 200 метри и 4 х 100 метри.

Болт во овој избор освои 818 гласови и го победи најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, а на третото место се најде рагби играчот Ден Картер. Меѓу петте најдобри имаше место и за НБА – кошаркарот Стеф Кари, како и фудбалерот на Барселона, Лионел Меси.

US Open Tennis

Во женска конкуренција, лауреат на „Л’Екип“ е најдобрата светска тенисерка Серена Вилијамс. На втората позиција се најде пливачката Кејти Ледецки, а третопласирана е велосипедистката Полин Феран – Прево.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top