Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ е прогласен за најдобар спортист на Европа во традиционалниот избор на највлијателните новински агенции на Стариот континент, што го организира полскиот ПАП. Србинот беше најдобар и во 2011 година, а во годинашниот 58.избор освои 199 бодови и убедливо го победи претходниот двократен победник, шампионот во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон.
Холандската атлетичарка Дафне Шиперс, светската шампионка на 200 метри, се најде на третата позиција во овој избор, четвртото место му припадна на шпанскиот кошаркар Пау Гасол, а петти е фудбалерот Кристијано Роналдо. Меѓу првите десетмина се и британскиот атлетичар Мохамед Фарах, австриската скијачка Ана Фенингер, австрискиот скијач Марсел Хиршер, унгарската пливачка Катинка Хошу и норвешката нордиска скијачка Марит Бјорген.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.