| четврток, 6 декември 2018 |

Јанева под сдсмовска директива го ослободува Верушевски од притвор

Скандал на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева ќе го ослободи Верушевски од притвор. Како и што се очекуваше, обвинителката ќе побара куќен притвор и одземање на пасошот. Информацијата за Прес 24 ја потврдија и од Специјалното обвинителство.

Zaev-Janeva1

Ова е срамно однесување на јавната обвинителка и секако е голем скандал при нејзиното работење. Верушевски е првообвинет во случајот „Пуч“ и во притвор до судењето беше сместен поради силните докази за шпиунажа.

„Ве известуваме дека од страна на одбраната за обвинетите предложено е укинување на мерката притвор и определување на гаранција, по однос на што, а постапувајќи по барање на Судот, ние дадовме позитивно мислење во кое појаснивме од кои причини сметаме дека постојат услови мерката притвор да биде заменета со гаранција. Воедно од наша страна предложено е и определување на мерки на претпазливост и тоа мерка на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште или престојувалите и мерка на претпазливост – одземање на патна исправа за поминување на државна граница.“ – стои во одоговорот на Специјалното јавно обвинителство на нашето прашање.

Притворот на Верушевски кој е осомничен за тешко кривично дело завршува утре, по што се очекува тој да биде на слобода.

Јанева докажа дека е параван на Заев додека тој го крши и законот и договорот од Пржино.  Лидерот на СДСМ иако вети и за тоа е должен, не ги предава материјалите до СЈО измислувајќи целосно неточни причини. Со ослободувањето на Верушевски од притвор, Јанева само ги потврдува информациите кои кружеа во медиумите дека со лидерот на опозицијата можеби имаат договор за непредавање на 600.000 разговори кои нелегално ги поседува.

Неделникот Фокус кој во јавноста важи како партиско гласило на СДСМ, преку кое најчесто социјал-демократите индиректно ги пласираат своите ставови, ја пренесува тактиката на партијата во врска со непочитувањето на својот дел од обврските од договорот од Пржино.

Предавањето на материјалите Фокус го поврзува со преземањето на предметот „Пуч“ од страна на Катица Јанева. Фокус во последниот број најави токму ваков исход на настаните.

Тоа што е веројатно договорено меѓу Катица Јанева и Заев, а што го најавува Фокус е дека според нивните информации, СДСМ прво ќе почека да види како Специјалното јавно обвинителство ќе се однесува кон притворените, односно дали притворот ќе го замени со алтернативна мерка, а потоа ќе ги предаде материјалите.

Со ваквата одлука на Јанева, таа остава основан простор за сомнеж дека работи целосно под палката на Зоран Заев, а ослободувањето на Верушевски кој се терети за тешко дело, е огромен скандал.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top