Магазинот „Форбс“ и годинава ја објави листата на најплатени машки актери за 2015 година.
На првото место се најде Џони Деп, иако филмовите во кои се појави имаа мала заработка од 1,20 долари, во однос на тоа колку беше тој платен.
На втората позиција е Дензел Вашингтон, чии филмови заработувааа по 6,50 долари во споредба со сумата која тој ја заработи за улогата.
И двајцата актери веќе со децении заработуваат милионски цифри, а според последните мерења на успесите на нивните филмови, резултатот е дека тие се навистина скап ризик за режисерите и филмските продукции.
Третопласиран е Вил Фарел, следува Лиам Нисон, Вил Смит, Кристијан Бејл, Ченанг Татум, Бред Пит, Бен Афлек и на крај Том Круз.
Холивудскиот актер Адам Сендлер изминатите две години ја држеше првата позиција, а сега конечно го предаде престолот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.