Се чини дека оваа година немавме ниту еден здодевен момент во светот на технологијата. Епл претстави производ кој Стив Џобс го мразеше, Марк Цукерберг имаше изненадувачка најава, а Мајкрософт откри дека следната верзија на Виндоуз ќе има неочекувано име, пишува Бизнис инсајдер.
Ова се настани кои луѓето во светот на технологијата ги оставија без здив:
Мајкрософт ја прескокна бројната ознака на Виндоуз
Само три недели по почетокот на 2015 година. Мајкрософт го изненади светот со одлуката да го прескокне бројот 9 и новата верзија на својот оперативен систем да ја нарече Виндоуз 10, но и фактот дека ќе биде бесплатен за сите кои користат Виндоуз 7 и 8.
Првоаприлската шега на Амазон која не беше шега
Кога Амазон ги претстави своите „Dash‟ копчиња на 31 март, сите претпоставува дека се работи за првоаприлска шега. Меѓутоа, се работеше за вистински производ кој на луѓето овозможува буквално да порачуваат одредени производи со притисок на копче во својот дом, без потреба за компјутер.
Паметниот часовник на Епл не успеа да го воодушеви светот
Сите фанови на брендот едвај чекаа Епл да го претстави својот прв паметен часовник. Меѓутоа, по прилично бруталните рецензии, паметниот часовник на Епл успеа да остави голема трага на пазарот на технологијата која се пренесува.
Епл одлучи да не биде толку таинствен
Компанијата во Купертино во јуни објави дека својот Swift програмски јазик ќе го направи достапен на сите. Оваа вест значеше дека секој програмер на светот ќе може да го симне и модифицира по своја желба. Во прашање беше изненадувачки голем чекор за компанијата позната по својата таинственост.
Гугл стана Алфабет
Технолошкиот свет буквално експлодираше во август кога Гугл најави целосно корпоративна реорганизација и создавање на нови татковски компании под името Алфабет.
Епл ја отфрли мудроста на Стив Џобс и го претстави стилус
Компанијата во септември го претстави Ipad Pro, голем таблет/лаптоп хибрид. Меѓутоа, најголем шок создаде скапиот (99 долари) стилус (дигитално пенкало), концепт кој Стив Џобс го мразеше.
Марк Цукерберг стана татко и најави нешто целосно неочекувано
Марк Цукерберг и Присила Чен го обавестија светот дека станале родители, но тоа не беше најголемиот шок. Марк исто така објави дека ќе донира 99 отсто од своите акции во Фејсбук на ново основаната Џен, по иницијатива на Цукерберг. Вредноста на овие акции изнесува 45 милијарди долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сексот се менува: Најдобрите секс-изуми на годината
-
Град на тишината: Зошто во овој град телефоните и интернетот се забранети ?
-
ИХФ ги објави имињата на ракометари кои се кандидати за играчи на годината
-
Четврта индустриска револуција: До 2020 г. се укинуваат работните места на чуварите и месарите и чистачите!