Најгледаното шоу во Македонија, спектаклот „Златна бубамара на популарноста“ започна вечерва во „Метрополис арената“во Скопје. Како и секоја година голем е интересот на обожавателите на добриот хумор, сатира и музика, сите сакаат да бидат дел од големата забава со најпопуларните личности од Македонија и Балканот.
Актери, шоумени, музичари, легенди на македонската естрада ќе застанат на сцената, а незаменливиот Сашко Коцев повторно ќе се се погрижи ова издание да биде посебно.
„Златна бубамара“ е еден од ретките настани на кој политичарите и од власта и опозицијата се смеат на исти шеги и уживаат во одличното шоу.
Погледнете ја атмосферата на „Златна бубамара“ низ фотографии:
ФОТО: Александар Ивановски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.