Јавна тајна во Холивуд е дека Ријана и Рита Ора не се поднесуваат, а убавицата од Барбадос успеала и Џеј Зи да го сврти против нејзината конкуренција.
Се почна кога Рита и крадеше песни на Ријана поради што таа и се налутила на Ора.
Двете пејачки имале договор со дискографската куќа Рок Нешн, но сопственикот Џеј Зи очигледно решил повеќе да вложува во Ријана. Снимањето на новиот албум на Рита се одлага веќе три години поради што таа решила да го тужи.
Во тужбата која пред некој ден го поднела во судот во Лос Анџелес пејачката тврди дека е „напуштена“ од страна на компанијата на Џеј Зи поради што и биле оставени помали средства и не и биле исполнети деловите од договорот. Американските медиуми наведуваат дека Ријана е главниот виновник поради судирот на Џеј Зи и Рита како и дека таа го свртела реперот против албанската икона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.