| четврток, 6 декември 2018 |

Урош Луковиќ во идеалните петмина на АБА-лигата

uros lukovic

Не требаше да помине многу време за Урош Луковиќ да покаже дека ќе биде големо засилување за тимот на МЗТ Скопје во преостанатиот дел од оваа натпреварувачка сезона. Српскиот центар максимално го искористи отсуството на Буниќ и зголемента минутажа, па одигра фантастично против Партизан, што му го донесе на Луковиќ и првото присуство во идеалната петорка на АБА-лигата.

Тој имаше петти најдобар индекс во ова 16. коло, па за 29 минути игра реализираше 20 поени, осум скока, две блокади, една асистенција и шест изнудени лични грешки од противничките кошаркари. Со овие бројки Луковиќ стигна до 27 индексни поени, со што се најде во идеалната петорка за 16. коло заедно со Билан (Цедевита), Лешиќ (Унион Олимпија), Јовиќ (Црвена звезда) и Синовец (Крка).

Урош Луковиќ со 20. поени воедно е и петти најдобар стрелец оваа рунда (прв беше Синовец со 31 поен против Тајфун), додека помладиот брат Марко Луковиќ е четврти асистент во 16. коло, откако го заврши мечот со Партизан со седум асистенции, исто колку и Лапорник од Крка, а зад Јовиќ од Црвена звезда (10), Башиќ од Задар и Ребец од Крка (по девет).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top