| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба на фотографии „Моменти во Европа“

Во Градската библиотека „Благоја Јанков-Мучето“ во Струмица е отворена изложбата на фотографии „Моменти во Европа“ на фотографот Игор Данајловски, во соработка со ЕУ Инфо-центарот.

На дваесетина фотографии се прикажани моменти од повеќе европски градови, меѓу кои Лондон, Мантова, Барселона. Според авторот, тоа се уникатни приказни кои го покажуваат она што може да се види само преку објективот, со енергија и сила кои ги надминуваат границите на Европа.

– Културните приказни на ЕУ Инфо центарот ја сплотуваат публиката на еден поинаков, свеж начин. Културата во нејзините пошироки рамки го допира секој аспект на животот. Таа ги обединува различните толкувања, идеи и верувања. И како што добро, подобро се запознавме со другите култури, се придвижуваме кон нашето индивидуално стојалиште на културна традиција, кон суштинското меѓукултурно разбирање – рече Тања Гошева, директорката на Градската библиотека „Благоја Јанков- Мучето“.

Изложбата ќе биде отворена до 15 јануари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top