| четврток, 6 декември 2018 |

Џихадистите ѝ се заканија на мис Ирак: придружи ни се, или…

mis irak2

Новоизбраната мис на Ирак, крунисана првпат по 1972 година, доби предупредување од Исламската држава дека ќе биде киднапирана ако не им се приклучи.

Организаторите на изборот во септември се соочиле со жестока реакција на верските екстремисти што сметале дека таквите избори се неморални.

Сепак, учесничките со поддршка на многу Ирачани решиле да продолжат со настанот за кој сметале дека е чекор кон нормалноста, во општеството што и понатаму е трауматизирано, 12 години по уривањето на Садам Хусеин.

Дваесетгодишната убавица добила заканувачки телефонски повик откако била прогласена за најубава на изборот за мис. Таа изјавила дека била потресена од пораката, но дека заканата нема да ја сопре во исполнување на целта, а тоа е да им покаже на жените во Ирак дека имаат свое место во општеството и исти права како и мажите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top