| четврток, 6 декември 2018 |

Вујовиќ со поддршка за Јохан!

Црногорецот Веселин Вујовиќ, тренерот на скопски Вардар вечерва уште еднаш покажа дека има големо срце како планина и му искажа посебна почит на Јохан Тарчуловски, фотографирајќи се и поддржувајќи го Тарчуловски. Вечерва во скопската сала „Борис Трајковски“ се играа двете полуфинални двојки од СЕХА-лигата, а популарниот Вујо откако е во Скопје, отсекогаш уживал голема доверба кај навивачите на Вардар, „комити“.

vardar-metalurg-11

Тој се фотографираше со транспарентот на кој пишуваше „Еден од нас“ и на кој беше ликот на доскорешниот хашки затвореник и со тоа стана уште поомилен кај навивачите на „црвено-црните“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top