| четврток, 6 декември 2018 |

Червар не дојде на прес, Вардар и Загреб во финалето на СЕХА-лигата

vardar-metalurg-8

Лино Червар, тренерот на македонскиот ракометен првак Металург не дојде на официјалната прес-конфренција по полуфиналниот меч во СЕХА-лигата во која лутиот ривал Вардар со гол на 30 секунди до крајот на мечот го победи тимот од Автокоманда и се пласираше во неделното финале на Лигата.

Легендарниот Вујовиќ, во свој стил го коментираше недоаќањето на поранешниот хрватски селектор на конфренцијата за новинари. – Разочаран сум од Червар.  Ако јас бев во улога на поразен сигурно ќе дојдев на прес-конференција, но најверојатно различно размислуваме со тренерот на Металург – изјави Вујовиќ.

Вардар го победи Металург со 22-21 со голот на Караџиќ и влезе во финалето на СЕХА-лигата каде што го брани трофејот од лани. Во завршниот меч „црвено-црните“ ќе се сретант со Загреб кој го победи Мешков Брес со 31-29.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top