| четврток, 6 декември 2018 |

Варуфакис: Би го прегрнал Ципрас, но мојот глас не би му го дал

­ Поранешниот грчки министер за финансии Јанис Варуфакис изјави дека со премиерот и поранешниот сопартиец Алексис Ципрас не се видел од август и оти би го прегрнал кога ќе се видат, но не би го дал својот глас за него. ­

janis varufakis

 

– Би го прегрнал коге ќе се сретнеме, но секако не би гласал за него, рече Варуфакис за германскиот весник „Штерн“.

Весникот објави дека Варуфакис доколку е Германец својот глас можеби би го дал за Ангела Меркел, бидејќи е импресиониран од нејзината политика во однос на бегалците, а за Зигмар Габриел вели дека е најлошиот политичар што некогаш го сретнал.

„Рок ѕвездата“ на европската политика, која „мошне брзо згасна“ вели дека „без сомнение бил жртва и цел на кампања“, како и дека не му недостига министерската фотелја.

– Опасни се луѓето,кои ја сакаат оваа работа, како Шојбле, Габриел, Ципрас, рече Варуфакис.

Иако себе си се гледа како „политичко суштество“ Варуфакис истакна дека не сака да формира партија, туку сака со своите пријатели да постави нова „европска платформа“, која би ги привлекла либералните идеи на континентот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top