На референдумот за името на 30 септември ќе одлучуваат тие што ќе гласаат,, а оние што нема да излезат да гласаат не се ни бројат, изјави Премиерот Зоран Заев на пет дена до одржувањето на референдумот.
– Одлучуваат тие што гласаат. Тие што не гласаат не се ни бројат. Верувам дека гласот на граѓаните, она што е нивна определба, е правец по кој ќе се движат политичките состојби во Македонија. Нашите одлуки се безвредни ако граѓаните не ги поддржат и гласаат, тие го имаат последниот збор – изјави Заев на денешната прес-конференција во Владата.
Според Заев, ако има мнозинство со „против“ макар и еден глас повеќе, тоа значи тој и Парламентот ќе го поништат договорот.
– Ако има видливо огромно мнозинство со „за“, тоа значи дека сите, без разлика дали се власт или опозиција, треба да ја следат насоката што ја дале граѓаните. Верувам дека гласот на граѓаните и одлуката на граѓаните е правецот по кој ќе се движат политичките партии. Штом граѓаните одлучуваат, ние, политичарите, ќе добиеме патоказ и само треба да го следиме тој патоказ, рече Заев и додаде дека референдумот како идеја потекнува токму од опозициската ВМРО-ДПМНЕ со која се согласуваат дека граѓаните го имаат последниот збор.
Заев се осврна и на економската политика – неуспешен референдум не значи девалвација на денарот, додаде тој.
-Стабилен е денарот, финансиската моќност на банките и на Народната банка се добри, а е силен перформансот и на економијата, финансискиот капацитет на државата е зајакнат, стабилен е и буџетот, економијата расте, растат и странските инвестиции. Можеме само да го зајакнуваме денарот – рече Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заев: Размислуваме за законска измена за справување со кучињата
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Расправата за уставните измени продолжува утре
-
Дерковски: Едно гласачко место е поништено бидејќи резултатот намерно бил променет


