| четврток, 6 декември 2018 |

Ципрас од островот Итака ќе им се обрати на Грците

Островот Итака е локацијата од која грчкиот премиер Алексис Ципрас ќе им се обрати на Грците по повод завршувањето на последната 3годишна програма со финансиска помош за земјата и излезот на Грција од меморандумската политика.
Според грчките медиуми, Ципрас, во неговото обраќање, се очекува да се осврне на тешкотиите низ кои поминаа Грците во изминатите години додека траеше финансиската криза, но и да открие дел од неговите следни планови за економијата на Грција.
Освен обраќање, грчкиот премиер ќе одржи и средби на Итака.
Kако што јави дописничката на МИА од Атина, островот Итака има посебна симболика, со оглед на тоа што беше родното место на Одисеј во истоимената поема на старогрчкиот поет Хомер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top