Премиерот на Грција, Алексис Ципрас обезбедил доволен број на пратеници за ратификација на преспанскиот договор, дури и во случај да му откаже коалициониот партер „Независни Грци“ на Панос Каменос, дознава Ројтерс.
Ципрас и Каменос, кој наедно е и министер за одбрана на Грција, вчера вечерале заедно во Клубот на офицерите во Атина за да покажат дека коалицијата е стабилна. Владини претставници за медиумите истакнале дека лидерите на владеачките „Сириза“ и „Независни Грци“ ги надминале меѓусебните разликли во гледиштата на преспанскиот договор.
Ципрас во јавноста веќе наведе дека не постои алтернатива за Спогодбата од Преспа и дека знаел за Планот-Б на Каменос, но истиот не го одобрил.
Во меѓувреме опозицискиот лидер на Нова Демократија, Киријакос Мицотакис, наведе дека двајцата се уште се заедно во коалиција бидејќи „и двајцата сакаат по секоја цена да останат на власт“.
Во меѓувремево Собранието на Македонија продолжува седницата за отворање на уставните амандмани, која би можела да трае уште девет дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.