Марсел Хиршер важи за специјалист за слалом, а од синоќа и за многу среќен човек откако Австриецот спаси жива глава при бизарниот инцидент за време на трката во Мадона ди Кампилјо, откако за малку не беше погоден од дрон кој падна во непосредна близина на Австриецот.
Дронот најверојатно служеше за вршење на ТВ-пренос од трката, а токму кога Хиршер мина една од „вратите“ на патеката, дронот падна на два-три метри од него, целосно уништувајќи го знаменцето што момент претходно беше минато од страна на скијачот.
Навистина неверојатно, но за среќа без трагичен крај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.