| четврток, 6 декември 2018 |

Хитер најбрза на спустот во Лејк Луиз, спектакуларно излетување на Линдзи Вон (видео)

Австријката Корнелија Хитер е победничка на спустот од Светскиот куп возен синоќа по средноевропско време во канадскиот скијачки центар Лејк Луиз. Времето на победничката е 1:48.53 минути. За Хитер ова е втора победа во нејзината кариера.

На второто место се пласира Тина Вајрајтер од Лихтенштајн која заостана девет стотинки, а на победничкиот подиум се искачи и трето пласираната Микела Шифрин (САД).

Трката ја одбележа и излетувањето на поранешната освојувачка на кристалниот глобус Линдзи Вон која заврши во заштитните огради, иако на контролата на петнаесетина секунди пред крајот на трката имаше најдобро време.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top