По денешните прес-конференции на техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски и лидерот на СДСМ Зоран Заев, како и интервјуто на опозицискиот лидер за „Топ тема“, со реакции се јавија лица кои во јавноста важат или важеа за блиски до опозицијата, кои жестоко удрија по претседателот и генералниот секретар на партијата.
Братучедот на Радмила Шекеринска, Никола Наумоски кој важи за отворен поддржувач на СДСМ, на својот профил распали по техничкиот министер по неговата прес-конференција. Покрај по Спасовски, Наумоски отворено плука и по градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.
-Прес во живо на новиот министер за внатрешни после “откриената” фабрика за лични карти. Секоја втора реченица: “Ќе видиме, ќе се покаже, прашајте го обвинителот”… јеботе ко Жерновски да раководи со МВР!, напиша Наумоски.
Посебно жесток беше новинарот Васко Ефтов, кој по интервјуто на Заев на Телма напиша дека “Македонија не заслужува да стенка и збревта под тежината на ваков политичко-психолошки провинцијализам и аматеризам“.
-Прво, Македонија не заслужува да стенка и збревта под тежината на ваков политичко-психолошки провинцијализам и аматеризам. И второ, не сум многу среќен кога пред мои очи гледам како стопроцентно се остваруваат сите мои анализи и проценки!!! , напиша Ефтов.
Но критиките кон СДСМ од опозициските поддржувачи не застанаа тука.
Новинарката Мери Јордановска напиша дека почнало да и фали она, „согласно Уставот и законите….“. Со свој коментар се јави и опозициската новинарка Сашка Цветковска, но и други поддржувачи на СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.