Кортина е едно од најомилените ски центри на Хрватите, но многу агенции нудат сместување во хотели оддалечени и по 20 км од патеката за уживање, па ги лажат луѓето.
Феноменот на скијачкиот егзодус на Хрватите во почетокот на јануари и понатаму трае. Во агенциите и оваа сезона задоволно тријат раце за успешно склучените договори, одличната продажба на аранжманите, често и тие најскапите, анализира „24 сата“.
Сепак, тука има многу пари во матно, малку дилетантизам, секако и недоволна информираност. Така се случува веќе неколку години нашите туристички агенции упорно како мазги да нудат „хотели со 4 ѕвезди во корушкиот Инрекремс‟ познат и како зимска база – Костелиќ.
Се нудат хотелите Фруехауф, Берхоф и само понекогаш Киндерхотел Нокалм. Сите со 4 ѕвезди. Но вистината е многу поинаква. Бергоф со тешка мака се избори кај австриското Министерство за туризам воопшто да ја задржи и таа трета ѕвезда, три ги има и Фруехауф, а четири само детскиот хотел Нокалм. Се заедно тоа не им пречи на нашите агенции да ги претставуваат во продажбата како хотели од висока категорија и луксуз. Без грам срам.
Инеркремс, наспроти овие гафови на хрватските туристички агенции, е одличен за семејно скијање и практичен, бидејќи сите хотели се зад самата патека, а не е ни скап. Хотелите Фруехауф и Нокалм имаат и базени, значи вредат да се дојде, но ноќни забави и дополнителни содржини баш и нема.
Оддалеченост од патеката
Ако фантазирате за скијање во Кортина ди Ампесо исто така припазете. Една помала домашна туристичка агенција нуди „Скијање во Кортина ди Апмесо-хотел Мисурина‟. Кортина? Речиси не може да биде подобро. Па и уште за мали пари… Цената, значи е добра, хотелот коректен, дури и ги заслужува наведените четири ѕвезди. Но мал проблем е што е далеку од патеката во Кортина, колку што Загреб е далеку од Јастребарски. Одлично! Само „заборавиле‟ да напишат дека бесплатниот превоз се однесува само на едно мало и досадно скијалиште кое со модерниот Кортина нема никаква врска. Значи, скијањето во Кортина, кое се рекламира, не е скијање во Кортина.
За слични пари тешко ќе најдете хотел со таков комфор (базен, wellness), па ако тој дел од приказната ви е поважен од самото скијање и ако не ве нервира секојдневното возење со комбе до малиот ски центар, се исплатува. Но не сте во Кортина. Добро проверете што е вклучено во цената, а што е сепак „малку исплеглано‟. Во добронамерноста на тие исти агенциски работници дополнително можеме да се посомневаме гледајќи ја понудата за францускиот Les Sybelles. Основниот адут на понудата е исклучително привлечната надморска висина на ски центарот: 3514 метри!
Лажна висина
Одлично, сигурен снег, тоа не смее да се пропушти… Со мал проблем: Les Sybelles, кога ќе се протегне во висина колку што може, не надминува 2600 метри. Освен во понудата на оваа агенција.
Некој ќе каже, тоа не е клучно. Па и не е, но зошто да има измама? Помалите француски ски центри како наведениот со цената (ски картите, апартманите) се поповолни од австриските и италијанските, но треба да се смета на 12 до 15 часа возење со автобус (или до 10 со свој автомобил). За тинејџерите е помал проблем, за семејство е преголем.
Едноставно не се исплати, бидејќи на пат ќе потрошите многу повеќе од што ќе заштедите на аранжманот.
Домашна туристичка агенција со голем углед и долга традиција, како посебна програма го огласува скијањето за деца во австрискиот Flachau. Надзор, превоз, ски карта, храна, сместување… за само од 5350 куни – се фалат.
За 1000 или дури 1500 куни помалку (зависно од возраста на детето) една помала туристичка агенција ги води децата во Nassfeld, во Jugendsporthotel Leitner. Сместувањето и таму е основно, но оваа цена сепак е реална за понудата.
И имајте на ум дека ако наседнете на лажните одлични понуди на туристичките агенции, како потрошувач имате право да побарате почитување на своите права. Освен преку хрватските здруженија за заштита на потрошувачите, можете да се обратите и до Европскиот кабинет за заштита на потрошувачите.
Можете да се заштитите во било која земја на Унијата
Со стапувањето во сила на новата ЕУ Директива за потрошувачките права од 13 јуни 2014 година, потрошувачите во сите држави членки на ЕУ имаат исти права кај купување на производи или услуги со средства на далечинска комуникација и кај купување надвор од деловните простории на трговците, без оглед на тоа каде внатре во ЕУ го купиле производот или услугата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.