| четврток, 6 декември 2018 |

„Лице в лице“ и Ајнштајн испратија пораки за подобро образование – промовиран 18. број

Продавачите на „Лице в лице“, пак, првата поддршка ја добија од твитерџиите Кристијан Калинов и Веселинка Георгиевска, како и од ликовниот уметник Сергеј Андреевски. Заедно со нив им го понудија бројот на сограѓаните кои минуваа низ градскиот плоштад, а кои срдечно ги поздравуваа

Продавачите на „Лице в лице“ првата поддршка во промоцијата на најновиот број ја добија од твитерџиите Кристијан Калинов и Веселинка Георгиевска, како и од ликовниот уметник Сергеј Андреевски.

12376541_942998965786550_3853471046042086734_n

Твитерџиите Кристијан Калинов и Веселинка Георгиевска со продавачите на „Лице в лице“

 

„Имагинацијата е поважна од едукацијата“, „Настојувајте не да нижете успеси, туку да создадете вредности, „Образованието е она што останува откако човек заборавил што научил на училиште“…

Ова беа само дел од пораките од генијалецот и еден од највлијателите луѓе во светот, Алберт Ајнштајн, кои стигнаа до скопјани на денешната промоција на најновиот број на уличното списание „Лице в лице“, посветен на образованието.

Настанот беше именуван „Паметни колачиња за образование со вкус (поздрав од Ајнштајн!), и во негови рамки, читателите на „Лице в лице“, покрај 18. број на магазинот, добија и колачиња кои содржеа пораки кои алудираат на неопходните промени што треба да му се случуваат на образованието, со цел да го носи предзнакот: квалитетно. Меѓу нив, пак, имаше и „наградни“ колачиња за тројца читатели, кои ќе имаат можност да добијат годишна претплата на списанието.

12360257_942998472453266_7122657221622277376_n

Продавачите на „Лице в лице“, пак, првата поддршка ја добија од твитерџиите Кристијан Калинов и Веселинка Георгиевска, како и од ликовниот уметник Сергеј Андреевски. Заедно со нив им го понудија бројот на сограѓаните кои минуваа низ градскиот плоштад, а кои срдечно ги поздравуваа.

Со своето присуство, продавачите на овој студен ден беа охрабрени и од постојаните поддржувачи на Платформата за активизам „Лице в лице“, Верица Андреевска Спасовиќ од бендот „Старовски“, новинарката и активистка Ана Јовковска, модната дизајнерка Ирина Тошева, и уште многу други пријатели, соработници и читатели на списанието.

10583835_942998549119925_9011112989084956943_n

На кавер страниците на 18. број на „Лице в лице“ е третоодделенката Јана Перовска

 

На корицата на 18. број на „Лице в лице“ се третоодделенката Јана Перовска од паралелката „Малите бувови“, од основното училиште „Мирче Ацев“ во Скопје, како и едукаторката Весела Богдановиќ, една од 50 најдобри наставници во светот.

Автор на насловната фотографија е Томислав Георгиев, а зад концептот и дизајнот стои агенцијата „Холистик“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top