| четврток, 6 декември 2018 |

Чекаме полесен натпревар да товариме 2-1, да се подизвајме малку

Интересна приказна на фудбалер од Битола, објави порталот „Мотика“. Сосема реална слика на состојбите во македонскиот фудбал, што се извонредно пресликани преку писмото на авторот. мотика

 

 

Јас сум Крсте Стефковски, ме викат Крсте Плеќата, роден сум на 15.04. 1984г. и сум професионален
фудбалер.
Шо значи професионален фудбалер??? Тој поим во секоја држава различно се толкува. На пример во
Германија, Англија, Шпанија и Италија, то е чоек кој го игра фудбалот професионално, тренира два пати
дено, а други луѓе го плаѓаат тоа да го прави, а трети луѓе плаѓаат да го гледаат додека тоа го прави . А
додека кај нас, професионалниот фудбалер е чоек кој нема работа, секој ден тренира два пати, оди после
пие кафе на широк сокак, не оди на сколија, секој месец се расправа со екипата од EVN, а понекогаш и
со овие од МОБИ и БТВ, а исто така секој месец се заканува со штрајк кај управата и бара помош од
навивачите.
Денес дека Петок имавме полесен тренинг игравме „ЛАЖЕНА“ не дека нешто друго прајме ама то е.
Денес ни рекоја дека треба да дојди некој од општина за да ни кажи за парите, ама тој место да дојди кај
нас заминал за Хераклеа, го згрешил пато, бааги време немал дојдено на стадион, а во спортската сала
последно бил ко биле „ЅВЕЗДЕ ГРАНДА“.
Од ко заврши тренинго, рековме да се истушираме, ама не бил пуштен бојлеро оти од EVN ја секле
струјата и немаше од кај да го пуштиме, па со ладна малку така се истушитавме.
Чекаме сега да дојди некоја утакмица полесна со Силекс со некој, со Дрита да ја товариме 2-1 да се
подизвајме малку.
Син ми вчера го прашале на сколија шо работи татко ти, овој му рекол не знам шо работи, па ко го
прашале колку зема плата, овој ко му кажал оти земам 100 евра, па ме пишале социјален случај. Ама и
така е шо само ние и социјалните случаи земаме по 100 евра.
Порано на времето спортистите биле многу популарни, сега слабо па и дури некој не не знај. Луѓето не
идат на утакмици оти губиме од сите села, Карамани, Црнобуки, Миравци, уште од Оризари и од Могила
да изгубиме, Чкембарите ќе не избркат од градо и нема да не пуштат.
Сите прајме напори брату да одиме негде странство, ваму таму, до Грција ако можи трета лига трета не е
проблем. Имам еден брачет тој играше во Напредок во Кичево, тој на полусезона си замина Германија,
АМА НЕ ДА ИГРА ФУДБАЛ, ТУКУ КАМИОН ДА ВОЗИ. Го пишеше во весник, стана поќе познат, него од
ко му кладе на Вардар 3 гола. Читав негде во некој весник дека барат за Канада швајцери, можи ќе
напрам еден трансвер в година, ако не заминам странство или Скопје. За нас спортистите Скопје ко
странство, ама и шо да не е брат то ти исто ко ДА ОДИШ НА РИБИ ДА ФРЛИШ ПРИХРАНА НА ЕДНО
МЕСТО, А ТИ ДА ЗАСТАНИШ ПОДОЛУ ДА ФАЌАШ. Остај шо сите риби ќе одат таму кај шо е храната,
туку и ниту една нема да фатиш.
Кај нас исто така има големи стручњаци шо знат да ги проценат талентите. Во Битола од 700 деца школа
неможат да напрат две. И тие две шо ќе ги напрат ќе му ги земи Металург.
Многу е лошо пријателе кај нас во спорто, денар ебан немаме земено од нова година, дома само ајвар и
леб јадиме, некогаш за промена и сиренце ќе лапниме ама многу ретко. Женами ко ја зедов манекенка
беше, сега заборај и фризери и масери и шминкери, а в мала комшивките ги лажи му вика „А МОРИ ЗОРЕ
И ТО МИ СМАЧИ“ … На која жена му се смачва то???
Ај морам да одам пријателе, оти шанкер влегов овде, ме земат по некогаш летач фаќам по некоја смена
колку за дури да дат плата, СЕГА ЗА ВЕЛИГДЕН …!!!

Автор: Виктор А.К.А. Башлак

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top