Прилепската полиција поднела кривична пријава против 44-годишната К.Ч. од Прилеп.
Таа е осомничена за сторено кривично дело проневера во службата. Во полициската пријава пишува дека таа како медицинска сестра во ЈЗУ општа болница „Борка Талевски“ во Прилеп украла вкупно 400 ампули „диазепам“ кои и биле доверени во службата. Станува збор за спрецифичен вид на лекарства на кои цената на нелегалниот пазар е многу висока.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.