Во издание на „Антолог“ објавен е романот „Смртта вози ауди“ од Кристијан Банг Фос-добитник на Европската книжевна награда за 2013 година. Романот се движи помеѓу црн хумор и лирски поглед на пеколот. Книгата е добитничка на Европската книжевна награда во 2013 година. Преводот на македонски е на Лара Крстева-Ичокаева.
Херојот на овој роман работи во маркетинг-агенција и живее со Сара и со нејзината ќерка. Еден ден добива задача да направи постер, но бидејќи нема време да користи оригинална фотографија, „позајмува“, и тоа од интернет. Излегува дека е тоа лоша идеја. Ги губи работата и девојката, почнува да пие, не оди на интервјуа за работа и наскоро банкротира. Во таква ситуација, Асгер прифаќа да се грижи за еден болен младич по име Валдемар, кој сака да отиде кај исцелител во Мароко. Иако е скептичен околу патувањето, Асгер ќе му помогне да најдат пари. Тргнуваат на патување низ Европа кон Африка и откриваат дека ги следи црно „ауди“. Како што се приближуваат до Мароко, патувањето буквално се претвора во трка со смртта. Книгата е објавена со поддршка на програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.
Кристијан Банг Фос (1977) е дански писател. Ги почнал студиите по математика и по физика, но дипломирал на Академијата за дански писатели во 2003 година. Првиот роман му е објавен следната година и ги импресионирал критичарите со стилот и со описот на навидум секојдневни настани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Промоција на романот „Манастир Фуентерабија“ од Јагода Михајловска-Георгиева во Библиотеката „Браќа Миладиновци“
-
„Антолог“ ја најави добитничката на наградата „BookStar“ 2018 : Во Скопје доаѓа Славенка Дракулиќ
-
„Антолог“ објави две обновени лектирни изданија од Александар Кујунџиски
-
„Бележникот на татко ми“ од најтиражниот писател од Холандија – Кадер Абдолах