| четврток, 6 декември 2018 |

Јанкуловска: Гордост е да се пречека човек што направил сè за Македонија

– Јохан Тарчуловски беше пречекан како национален херој, Македонија осум години го чекаше тој ден, рече министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. 

– Тој е сега слободен човек и има право да ги има сите почести за неговиот ангажман за заштита на територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија тогаш кога тоа било потребно. Не само што не чувствувам никаква одговорност, туку гордост е да се пречека човек кој направил сѐ што може да направи во интерес на Република Македонија – изјави министерката за внатрешни работи, одговарајќи на новинарско прашање дали чувствува одговорност за вчерашниот пречек на Јохан Тарчуловски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top