| четврток, 6 декември 2018 |

Десковска и Царовска молчат, Јовановска потврди дека процесот против Јанкуловска е политичка одмазда

Министерката за правда Рената Десковска и Мила Царовска, министерката за труд и социјална работа, двете надлежни министерки молчат и не коментираат по вчерашното отворено писмо на Гордана Јанкуловска во кое таа побара да се одложи судењето против неа во случајот „Тенк“ бидејќи е во деветиот месец од бременоста.

Јанкуловска: Заложбите на Владата за заштита на жените и семејството се реализираат на дело

– Јас сум во последните недели од 9 месец на бременоста навистина сум спречена да доаѓам на долготрајните судења кои се одвиваат во отежнати услови и на високи температури, вели Јанкуловска.

Одбраната на Јанкуловска нејзиното отсуство го оправдала со медицинска документација но на предлог на СЈО, судијката побарала целокупната документација за здравствената состојба да биде доставена во судот до понеделник по што ке биде испратнеа на вештачење во Клиниката за Гинекологија со барање да одговорат кој месец е бремена и дали е во состојба да доаѓа и да го следи судењето, потврдија од Кривичниот суд.

Дојде живот, нема веќе потреба од проекти на УСАИД од проекти за Заштита на правата на жените ниту од маршеви за „Платформата за родова еднаквост“ и организирање вечери за женските права од страна на УН Воман и Институтот за човекови права. Изгледа ова е тој „неопходен пресврт, како што доликува на една демократска Европска земја” за кој зборуваше министерката Мила Царовска по повод 8-ми Март и ова се конкретните дела за надминување на родовата нееднаквост и борбата против насилството врз жените. Очигледно ова е производ на секојдневната работа на Владата „на исправање на неправдите и унапредување на правата на жените во Македонија”, за кои зборуваше Радмила Шекеринска на Осмомартовскиот марш во Куманово – објаснува Јанкуловска.

Во деветти месец од бременоста сум, покажете ги на дело фразите за заштита на мајката и детето – Јанкулоска со отворено писмо до Дескоска и Царовска

Г-ѓо Дескоска, дали сметате дека горе опишаниот начин на постапување на судијата е во согласност со основните начела на Законот за судови, односно дали ова е начинот на кој судијата во примената на правото ги заштитува човековите слободи и права (член 2 и член 5 од Законот), дали е ова вистинскиот начин на остварување на целите и функциите на судската власт (член 3 од Законот) и дали ваквото постапување на судијата го гарантира правото на правично судење од независен и непристрасен суд (член 6 од Законот)? Дали ова е начинот на кој Република Македонија се грижи за спроведување на Европската конвенција за човекови права (член 3, 6 и 8 од Конвенцијата)? Дали вака го замислувате реформираното судство и дали ваквиот начин на работа на судиите е утврден во Комитет за реформи на правосудството?

Вас г-ѓо Царовска, би сакала да Ве прашам дали би можеле да објасните какви права опфаќа породилното отсуство, дали некој може овие права да ги забрани, одземе или ограничи и во која постапка се прави тоа, дали горенаведеното постапување на судот и обвинителството се во линија на заложбите на Владата за заштита на правата на жените и децата и дали е ова начинот на водење на битката за одбрана и унапредување на женските права?

Сега е вистински момент од осмомартовски флоскули, фрази и маршеви за заштита на правата на жената да се премине на дела, да се побара одговорност и да се покаже вистинска грижа, која ќе ги убеди граѓаните дека не живееме во земја од третиот свет туку во земја со апсирации за евроатлански интеграции – пишува Гордана Јанкулоска.

Во име на Владата одговори Директорката на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Билјана Јовановска. Таа на Фејсбук одговори на отвореното писмо на Гордана Јанкулоска и со тоа потврди дека станува збор за политички прогон.

Членови, активисти и симпатизери на СДСМ организирано ги преплавија социјалните мрежи со навреди и говор на омраза. Отпочнат е јавен линч во насока на претходните настапи на Зоран Заев во кои најавуваше пресуди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top