| четврток, 6 декември 2018 |

Анчелоти: Голема чест е да се биде тренер на Баерн Минхен

karlo anceloti

Денеска официјално беше обелоденето дека италијанскиот тренер Карло Анчелоти ќе го замени Пеп Гвардиола на клупата на Баерн Минхен по завршувањето на оваа сезона. Поранешниот тренер на Реал Мадрид изјави дека ќе му биде огромна чест и задоволство што ќе го предводи тимот од Минхен следната сезона, упатувајќи му честитки на Гвардиола и желби за успех да крајот на германското првенство.

– Особена чест и задоволство ми е што ќе го предводам Баерн Минхен во следната сезона. Знаев дека клубот има огромен интерес за мене, и не сакав да размислувам за други понуди. Му посакувам на тренерот Пеп Гвардиола да направи успех во теков на оваа сезона, како и да продолжи со успеси во кариерата – изјави Карло Анчелоти.

После Гвардиола, Берн Минхен ќе биде предводен од уште еден одличен тренер, кој има освоено многи титули во својата кариера, а своите најсветли моменти го доживеа во италијанскиот гиган Милан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top