Во следните неколку дена ќе се знае иднината на менаџерот на Манчестер јунајтед Луис Ван Гал. Тој се наоѓа пред отказ откако тимот влезе во серија на лоши резултати, а капак на тоа е и вчерашниот пораз од Норвич на „Олд Трафорд“.
Како негов наследник во медиумите на островото се спомнува досегашниот тренер на Челси, Жозе Мурињо кој доби отказ во четвртокот и сега е слободен да ја преземе функцијата на меџанер на „црвените ѓаволи“. Тоа е стара желба на Португалецот уште о времето кога од клупата си замина Сер Алекс Фергусон.
Овие најави добиваат своја поткрепа и поради отпочнатите преговори на агентот Жорге Мендеш, чиј клиент е Мурињо, со раководството, но и со дел од фудбалерите на Манчестер јунајтед. Првично, Мендеш сака да знае дали „црвените ѓаволи“ би сакале да го имаат Мурињо за свој менаџер, откако тој претходно го предводеше Челси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.