| четврток, 6 декември 2018 |

Исповед на робинка на ИСИС: Ве молам, уништете ги (ВИДЕО)

Младата девојка која три месеци била држена во заробеништво од Исламската држава како сексуална робинка, пред Советот за безбедност на Обединетите нации опишала низ каква тортура минала и ги замолила светските лидери целосно да ја уништат терористичката организација.

nadia-murad-taha-on-01

21-годишната Надија Мурад Баси Таха е припадничка на јазидскиот народ, а нејзиниот кошмар започнал на северот на Ирак кога џихадистите влегле во нејзиното село во август минатата година и ја одвеле во Мосул, пренесува британскиот таблоид Дејли мејл.

– Донесоа автобуси и во нив ставија повеќе од 150 јазидски семејства. Не малтретираа на целиот пат, не тепаа и не допираа”, рекла Надија започнувајќи ја со мака својата приказна.

nadia-murad-taha-on-02

Ја одвеле, како што вели, во некоја зграда во Мосул, каде затекнала илјадници јазидски семејства и деца кои се разменувале како воен плен.

– Ми пријде еден маж со намера да ме одведе со себе. Гледав во подот, целосно скаменета. Кога го кренав погледот, видов огромен маж. Изгледаше како чудовиште”, се потсетува таа.

Тогаш, продолжила Надија плачејќи, почнала да вели дека таа е премлада, а тој огромен, по што ја претепал, а неколку минути подоцна ѝ пришол друг маж, нешто помал од другиот.

– Го молев да ме поведе со него, бидејќи првиот ме преплаши”, рекла таа, додавајќи дека вториот од неа побарал да ја промени верата, што таа одбила, а потоа ја прашал да се омажи за него.

nadia-murad-taha-on-03

Потоа следела пеколна ноќ, бидејќи тој најпрво ја претепал, и побарал од неа да ја соблече облеката. Ја затворил во соба со чуварите кои над неа се изживувале додека не се онесвестила.

Надија успеала да побегне по три месеци тортура и сега живее во Германија, но исламистите од ИСИС убиле неколку нејзини браќа.

Младата девојка со својата приказна ги шокирала лидерите во светската организација, порачувајќи им на крајот: “Ве молам, во целост уништете ја Исламската држава”.

Советот за безбедност на ОН изразил жалење поради трговијата со луѓе која ја спроведува ИСИС.

Обединетите нации предупредиле дека третманот на ИСИС кон Јазидите би можел да претставува геноцид и побарале од Советот за безбедност тоа прашање да го изнесе пред Меѓународниот кривичен суд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top