Ѕвездата на серијата „Озборувачка“ е обвинет дека ја држел стилистката Хејли Фридман затворена во својот стан 48 часа и во текот на тој период сексуално ја злоставувал.
Фридман тврди дека во август 2014 година била со уште некои луѓе во станот на актерот, но дека таа останала кај него откако си заминало друштвото.
– Ме бакнуваше, ме заведе, но потоа работите излегоа од контрола кога побара малку да го давам. Кога одбив, ме турна и ме плукна. После тоа заспавме, но утрото влезе со мене во када и ме присили на секс. На крајот морав да останам два дена кај него, како казна. Тие 48 часа ме злоставуваше – изјавила стилистката.
По инцидентот, стилистката добила отказ, бидејќи сакала јавно да проговори за злоставувањето.
– Имав договорено интервју, но од неговиот тим ме замолкнаа, зборувајќи ми дека сум нестабилна, љубоморна и промискуитетна – напиша таа.
Во обвинението од 129 страници, Фридман го опишува актерот како „монструм“, „сериски силувач“ и „луд алкохоличар“.
Пред Фридман, во слична ситуација со актерот се нашле уште три девојки, но тој и нивните обвиненија ги негираше.
– Тажно е што непроверените информации на социјалните мрежи можат да доведат до заклучок дека имам нешто со ваквите застрашувачки информации – напишал актерот на Инстаграм.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.