| четврток, 6 декември 2018 |

Заев ќе се слика гол за насловната на Теа Модерна

 

zaev-kol170-1

Лидерот на СДСМ Зоран Заев најави дека ќе се слика гол за насловната страна на „Теа Модерна“, како нужен потег откако последната анкета на Брима Галуп покажа дека СДСМ има рејтинг од само 14,7% за разлика од 33,3% рејтинг на ВМРО-ДПМНЕ.

На оваа храбра идеја Заев се инспирирал од Ирена Ристиќ, актерката и тазе водителка на т.н. сатирично шоу „Контра Вести“.

Ужасниот рејтинг на „Контра Вести“ после само 2 епизоди одлучи да го спасува токму Ристич и таа се сликаше гола за „Теа Модерна“. Експертите велат дека со овој генијален маркетиншки потег Ристиќ била многу успешна и убедила уште 20-тина луѓе да ги гледаат „Контра Вестите“ со што бројката на гледачи се искачила на цели 50.

Слично чудо со рејтингот на СДСМ сега планира и Заев. На оваа идеја го посоветувале непогрешливите советници кои Заев ги ангажираше од Србија и кои, како што се докажа преку сите последни скенирања на јавното мислење, го водат по одличен пат.

Зоран Заев ќе се слика покриен само со Адамов Лист, а на насловната ќе пишува „Да, 14,7 е, ама што!?“.

Ова не е единствениот план на СДСМ за дигање на рејтингот меѓу народот. Доколку Заев не успее, убавата Радмила Шеќеринска планира да се фотографира за календар за менувачницата на Вицето кој ќе ги краси шоферските кабини на средната класа. Со тоа средната класа ќе е најдиректно мотивирана да ја издржи храбро борбата за егзистенција.

Нашите извори велат и дека како крајна мерка од Бихачка го подготвуваат Александар Кирацовски кој, доколку не успеат Заев и Шеќеринска, би и се заканил на јавноста дека ако народот не гласа за СДСМ и тој ќе се слика гол за насловна.

САД се засега против употреба на Кирацовски, меѓутоа во СДСМ се непопустливи и подготвени на се.

Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

Кромиди Запад

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top