| четврток, 6 декември 2018 |

Мурињо замина со солзи и шољата „Посебен“

Jos-Mourinho-ChelseaСменетиот менаџер Жозе Мурињо го напушти „Стамфорд Бриџ“ со солзи. Од клупскиот центар замина во четвртокот вечерта, веднаш штом дозна за одлуката на управата, и тоа така што се покри со капуљачата преку лице.

Според англиските медиуми тоа го сторил за да ги сокрие солзите. Со себе како сувенир ја понел и шољата за кафе на која го има неговиот прекар „Посебен“.

Иако е очигледно дека со неколкумина играчи беше во судир, на мнозинството им падна заминувањето на Португалецот. Меѓу оние кои со наведната глава дојдоа на првиот тренинг без Мурињо биле и Матиќ, Диего Коста, Еден Азар…

– Да се каже само „Благодарам“ не е доволно. Тажен, тажен ден. Ќе ми недостасуваш, шефе, ти си најдобар со кој некогаш сум работел. ни остануваат неверојатните заеднички спомени- Испрати емотивна порака на Твитер капитенот Џон Тери.

Освен за емициите, во Челси се зборува и за парите. Според договорот, Мурињо треба да добие обештетување од 55 милиони евра, но според лондонските весници, тој се согласил на помала сума околу 20 милиони.

На негово место ќе дојде Холанѓанецот Гус Хидинг, кој веќе еднаш го спаси Челси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top