Словенечките пратеници не ги поддржаа денеска предлог-измените на законот за јавен ред и мир, во согласност со кои на јавно место би било забрането носење бурки и никаб, јавија словенечки медиуми.
За измените на законот за јавен ред и мир гласаа 19, а против нив 54 пратеници.
Забраната за носење бурки и никаб на јавни места, повикувајќи се на безбедносни и културни причини, ја предложи Словенечката демократска партија на чело со Јанез Јанша, а ја поддржа и Нова Словенија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


