| четврток, 6 декември 2018 |

Кантон во Швајцарија гласаше против бурките

За прашањето за носење бурка ќе се изјаснат граѓаните идната година на национално ниво. Носењето бурка на јавни места е забрането во Франција и Данска

Во швајцарскиот кантон Сент Гален речиси две третини од граѓаните се изјаснија за забрана на бурките на јавно место. Ова е втор кантон кој се изнаснил за забрана на бурките откако таква одлука изгласаа граѓаните во соседниот Тицин пред три години.

Регионалната влада која се противеше на оваа мерка сега ќе мора да го примени резултатот на гласање на кој се одзваа 36 отсто од гласачите.

За прашањето за носење бурка ќе се изјаснат граѓаните идната година на национално ниво. Носењето бурка на јавни места е забрането во Франција и Данска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top